Дома Фудбал Италија Меси одигра само шест натпревари, Интер Мајами остана без плеј-оф, но Аргентинецот може да освои важна награда

Меси одигра само шест натпревари, Интер Мајами остана без плеј-оф, но Аргентинецот може да освои важна награда

Лионел Меси ќе биде конкурент за наградата дебитант на годината во МЛС, иако одигра само шест првенствени натпревари за Интер Мајами, а неговиот тим не се пласираше во плеј-офот.

Аргентинскиот напаѓач (36) му се приклучи на клубот во јули. Тој постигна 11 гола во сите натпреварувања, помагајќи му на Мајами да го освои воведниот Лига куп.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


За жал на Интер Мајами, но и публиката која доаѓа на натпреварит во МЛС, Меси имаше повреда во клучниот период, па Интер Мајами без него не успеа да оствари важни победи и да обезбеди место во плеј-офот.

Преостанатите конкуренти за оваа награда се: Јоргос Јакумакис од Атланта и играчот од средниот ред на Сент Луис Сити, Едуард Ловен.

Место не добија соиграчите на Меси, Серхио Бускетс и Жорди Алба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Слот ги брои последните денови на клупата на Ливерпул, се подготвува сензација Енфилд?!

Ливерпул вчера забележа нов пораз и работите оваа сезона не се одвиваат ни одблиску до оче…