Џанлуиџи Донарума денес за прв пат откако е во ПСЖ ќе игра против „својот“ Милан во Лигата на шампиони.
Донарума е дете на Милан каде дебитираше на 16 години, но го навлече гневот на навивачите откако во 2020 година го напушти клубот без обештетување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега неговиот агент Енцо Раиола, објасни дека Донарума не сакал да замине без обештетување и го обвини Милан за целата ситуација.
„Џиџо никогаш не сакаше да замине без пари од Милан. Само чекавме тимот да обезбеди пласман во ЛШ за да потпишеме нов договор. Меѓутоа, после последниот меч Малдини ни соопшти дека веќе го договориле Мањан. Ние бевме спремни да потпишеме нов договор, а Јувентус имаше спремено понуда за Џиџо“, изјави Енцо Раиола, брат на покојиот Мино Раиола.
„Немавме договорено ништо со никој клуб, планот беше Донарума да остане во Милан. Поради тоа Џиџо потоа не сакаше да оди во Јувентус без Милан да земе пари. Тогаш Мино му се јави на Леонардо и го понуди во ПСЖ“, додаде Енцо.