Дома Фудбал Останато Нејмар безрезервно и несебично типува кому ќе му припадне Златната топка?!

Нејмар безрезервно и несебично типува кому ќе му припадне Златната топка?!

ПСЖ синоќа го демолираше Баерн Минхен и славеше со 3:0.

Иако стрелци на погодоците за Парижаните беа Алвес, Кавани и Нејмар, но можеби најдобар индивидуалец во победничкиот состав беше Килијан Мбапе.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Супер талентираниот тинејџер, кој ова лето пристигна во ПСЖ од Монако, веднаш почна да ги оправдува милионите кои клубот ги издвои за неговиот трансфер.

Синоќа 18-годишниот Мбапе беше незапирлив за одбраната на Баерн, минуваше кога и каде сакаше, а успеа да запише и една асистенција за Кавани, а беше и „виновник“ за голот на Нејмар.

Имаше Мбапе уште неколку одлични потези и проигрувања до соиграчите, а по натпреварот Нејмар имаше само пофални зборови на сметка на својот млад соиграч.

„Се чувствувам привилегирано што имам прилика да играм покрај него. Тој уште е дете, но е фантастичен фудбалер. На теренот изгледа како да има 30 години“, истакна по синоќешниот меч Нејмар и додаде:

„Тој е играч кој ќе продолжи напорно да работи и сигурно ќе се бори за Златната топка“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…