Во Италија во изминатиот период актуелни се обвинувањата за обложувања, вмешани се повеќе имиња, а по Николо Фаџоли, сега и Сандро Тонали ја призна вината.
Адвокатот на Тонали во јавноста призна дека фудбалерот е зависник од коцкање.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
“Да, Сандро е зависен од коцкање. Тој се бори против тоа и сигурен сум дека ќе излезе како победник. Тој е тажен и се уште е во шок што е обвинет за нелегално обложување.
Сакам да ја искористам оваа прилика да му се заблагодарам на Њукасл за нивната поддршка и дека се со Тонали. Тој тренира и може да игра во сабота“, изјави агентот на Тонали, Рисо.
Засега од Заниоло кој покрај споменатите двајца е еден од оние кои најмногу се споменуваат, се уште не го признал делото.