Дома Фудбал Германија Румениге: Анчелоти е мој пријател, но одлуката е за доброто на Баерн!

Румениге: Анчелоти е мој пријател, но одлуката е за доброто на Баерн!

Тоа што се очекуваше од синоќа денес доби и официјална потврда – Карло Анчелоти повеќе не е тренер на Баерн Минхен.

Баерн лошо ја започна сезоната во Бундес лигата, а синоќешниот дебакл против Пари Сент Жермен само ја прели чашата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Извршниот директор Карл Хајнц Румениге денес изјави дека раководството морало да донесе таква одлука за доброто на клубот и се надева на позитивна реакција на фудбалерите.

„Играта и резултатите на тимот од почетокот на сезоната не ги оправдаа нашите очекувања. Натпреварот во Париз е само доказ за тоа, па моравме да донесеме одредени одлуки. Јас и Анчелоти имавме отворен разговор синоќа после мечот и донесовме одлука за доброто на клубот“, истакна Румениге.

„Му се заблагодарувам на Карло на соработката и жалам што вака испадна. Анчелоти е мој пријател и така ќе остане, но ова беше одлука за доброто на Баерн“, заклучи Рунемиге.

Анчелоти минатата година седна на кормилото на Баерн и со Баварците ја освои Премиер лигата и два трофеи во Суперкупот на Германија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Навивачите го исмејуваат Аморим по изјавата по порзот од Арсенал – му пораа да го гледа Артета!

Манчестер Јунаајтед беше поразен од Арсенал со минимален резултат благодарение на голот на…