Дома Видео Дали победничкиот гол на Милан против Џенова требаше да биде поништен? 🎥

Дали победничкиот гол на Милан против Џенова требаше да биде поништен? 🎥

Првиот човек на Џенова, Алберто Зангрило се пожали дека на судијата во ВАР собата по поразот на неговиот тим од Милан со 0:1.

Милан вчера забележа минимална победа, а единствениот гол на натпреварот го постигна Кристијан Пулишиќ. Натпреварот ќе остане запаметен и по тоа што Оливие Жиру застана на голот по црвениот картон на Мањан и запиша една одлична одбрана во завршницата (ТУКА).


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Но, во Џенова сметаат дека се оштетени.

 „Тука сум за да побарам почит за 35.000 навивачи кои беа на стадионот. Алберто Џилардино не стои тука пред вас со цел да не добие суспензија. Вака јас ќе бидам тој кој ќе биде казнет.

„На сите им е јасно што се случи вечерва, секогаш кога има спорна ситуација, ние сме жртвите. Чекавме неколку минути, ми кажаа дека во ВАР собата не пронашле јасна слика со која можат да ја оспорат одлуката на терен. Можам да го прифатам ова, но малку ми е чудно тоа што одлуката на терен секогаш е против нас“, изјави Зангрило.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…