Дома Видео Жиру како голман: Погледнете ја одбраната со која го спаси Милан 🎥

Жиру како голман: Погледнете ја одбраната со која го спаси Милан 🎥

Фудбалерите на Милан како гости ја победија Џенова со 1:0 во осмото коло од италијанската Серија А. Во финишот права драма, а секако детал од натпреварот е дека напаѓачот Оливие Жиру застана на голот и ја одбрани победата и првото место за „Росонерите“.

Еден удар на Милан во голот во првото полувреме и тоа беше сè, слично беше и во понатамошниот период од мечот, но Кристијан Пулишиќ стави крај на агонијата на гостите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се играше 87 минута кога Муса го проигра соиграчот од американската репрезентација, Пулишиќ одлично ја зеде топката и успеа да ја затресе мрежата на немоќниот Мартинез.

Фудбалерите на Алберто Џилардино тргнаа на сè или ништо да го избегнат поразот, непромисленото истрчување на Мењон значеше исклучување на францускиот голман, па поради сите направени измени Жиру застана во голот на Милан.

Имаше Жиру и една интервенција, па благодарение на истата Милан конечно ја преживеа драмата во Џенова од која излезе како победник и воедно моментно е на првото место на табелата со 21 бод. Џенова е на 15 позиција со осум бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Баерн прави пресврт за три минути🎥

Баерн Минхен и Реал Мадрид играат фантастичен натпревар на „Алијац Арена“. Реал имаше …