Дома Фудбал Англија Манчестер Јунајтед го отстрани Антони од тимот

Манчестер Јунајтед го отстрани Антони од тимот

Од Манчестер Јунајтед официјално објавија дека крилниот фудбалер Антони ќе биде времено отстранет од тимот.

Антони нема да се врати во тимот на Манчестер јунајтед додека не се расчистат обвинувањата од неговата поранешна девојка Габриела Каваљин за насилство, потврдија од клубот.

23-годишнот Антони не суспендиран, туку му е дозволено отсуство (со целосна плата) за да се брани од обвинувањата на три жени во Бразил.

Оваа одлука на клубот доаѓа по одлуката на Бразил да го исфрли Антони од нивниот тим за квалификациите за Светското првенство против Боливија и Перу во понеделник навечер.

„Манчестер јунајтед ги доби обвиненијата против Антони. Играчите кои не учествувале во меѓународните натпревари треба да се јават на тренинг во понеделник, меѓутоа договорено е со Антони тој да го одложи враќањето до одреден датум за да реагира на обвиненијата. Ние како клуб го осудуваме насилството и малтретирањето“, се вели во објавата на Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул размислува за разделба со Јереми Фримпонг

Ливерпул би можел да се раздели со Јереми Фримпонг поради слабата дефанзивна игра против М…