Лионел Меси со своето доаѓање во САД предизвика голема еуфорија, а на теренот го препороди Интер Мајами кој со него почна да победува и да освојува титули.
Победа славеше тимот на Бекам и против Лос Анџелес ФЦ (1:3), но во овој натпревар видовме и една сцена во која „бодигардот“ на Меси имаше жестока реакција кон еден навивач.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Навивачот успеа да помине покрај редарите и кога дојде пред Меси, реагираше човекот по име, Jaсин Чукеко.
Чукеко е ангажиран од Интер Мајами и буквално го следи Меси во секој чекор, а на натпреварите внимава на него покрај аут линијата.
👀🏃♂️ Messi's security guard… pic.twitter.com/hz4J1rs5yX
— EuroFoot (@eurofootcom) September 4, 2023