Дома Фудбал Франција „Во Париз дојдовме да испишеме историја, а Меси помина низ пекол“

„Во Париз дојдовме да испишеме историја, а Меси помина низ пекол“

Во изминатиот преоден рок од Париз си заминаа Лионел Меси и Нејмар, а сега Бразилецот кој кариерата ја продолжи во Ал Хилал посочи дека Меси минал низ пекол.

Аргентинецот најмногу на удар на навивачите беше по елиминацијата на ПСЖ од Лигата на шампионите, па затоа не важеше усниот договор по Мундијалот кој го имаше со раководството на ПСЖ дека ќе остане во клубот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Одлучи Меси да се пресели во Интер Мајами каде што може да се забележи дека е расположен и игра со големо задоволство.

„Во Париз дојдовме да испишеме историја, навистина дававме се од себе, сакавме да станеме европски шампиони, но не успеавме и жалам за тоа. Сезоната за Меси имаше две страни – рај и пекол. Рајот беше освојувањето на СП со Аргентина, бев пресреќен поради него, а втората пеколот во Париз. Помина низ страшен пекол, сите неферски се однесуваа кон него. Во никој случај не заслужи такво нешто“, изјави Нејмар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…