Бразилецот Фелипе Кутињо има нов клуб и ќе го носи дресот на катарскиот Ал-Духаил, според најавите од тамошните медиуми се е договорено и во секој момент се очекува официјална потврда.
Кутињо долго време бараше клуб кој ќе ги исполни неговите очекувања, на крајот изборот падна на катарскиот клуб. Со овој трансфер 31-годишниот Бразилец и го завршува фудбалот на високо ниво откако не успеа да ја врати формата која го красеше во минатото.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Во Астон Вила, Кутињо пристигна во јануари 2022 година на асистирање на Стивен Џерард кој во тоа време го водеше овој клуб. За клубот од Бирмингем собра само 22 настапи и постигна еден гол.
Во минатото Кутињо го носеше дресот на Васко Де Гама и Еспањол, додека европската авантура ја започна во Интер, за подоцна да го носи дресот на Ливерпул, Барселона, Баерн Минхен и Астон Вила.