Францускиот гигант Олимпик Марсеј денес ќе го комплетира трансферот на Хоакин Кореа од редовите на Интер, објави Фабрицио Романо.
Кореа на „Велодром“ пристигнува на позајмица за која Марсеј ќе плати два милиони евра, но Французите ќе имаат обврска да го откупат неговиот договор за 10 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Треба да се напомене дека клазулата ќе се активира ако Марсеј обезбеди место во Лигата на шампионите во сезоната 2024/2025.
Во сезоната 2022/2023 Кореа забележа 41 настап во сите натпреварувања во кои постигна четири гола и подели три асистенции, но потоа се поретко добиваше шанса кај тренерот Инзаги.