Дома Видео Неверојатниот Роналдо има најмногу голови со глава во историјата. Погоди 22-ра сезона по ред

Неверојатниот Роналдо има најмногу голови со глава во историјата. Погоди 22-ра сезона по ред

Кристијано Роналдо постигна гол во победата на Саудиска Ал Наср против туниски Монастир (4:1) во Купот на арапските шампиони.

Со тоа, Роналдо на 38-годишна возраст успеа да постигне гол 22-ра сезона во кариерата. Со овој гол тој стана и светски рекордер. Го постигна со глава и така се проби пред Герд Мулер.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Ова е 145-ти гол со глава за Роналдо во кариерата и со тоа стана најефикасен во овој поглед во историјата.

Легендарниот играч Карлос Сантиљана е трет со 125, а четврти Пеле со 124 гола со глава.

Португалецот на почетокот на годината се пресели од Манчестер Јунајтед во Ал Наср. Тој потпиша двегодишен договор кој му гарантира 200 милиони евра годишно.

Голот на Роналдо можете да го погледнете ТУКА

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Роналдо ќе биде суспендиран за првите два натпревари од Светското првенство? (Видео)

Кристијано Роналдо доби прв црвен картон во својата репрезентативна кариера долга 226 натп…