Ал Наср се сретна со Ал Шабаб во 1.коло од групата Ц од Купот на арапските шампиони и на крајот немаше голови на овој натпревар (0:0). На Кристијано Роналдо му беше поништен спектакуларен гол на крајот од натпреварот.
Ал Наср и Ал Шабаб со реми го започнаа натпреварувањето во групната фаза од Купот на арапските шампиони.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Домашниот тим не влезе премногу сериозно во овој натпревар. Излегоа со резервен тим на теренот и тоа јасно се гледаше на теренот бидејќи без Кристијано Роналдо во врвот на нападот се изгледаше многу побезопасно.
Имаше некоку прилики од двете страни на овој дуел, но најдобрите беа по влегувањето на Кристијано Роналдо во 62. минута од натпреварот.
Роналдо во 72. минута имаше одлична шанса. Од врвот на шеснаесетникот шутираше под гредата и голманот на Ал Шабаб го одбрани ударот.
Три минути подоцна Португалецот постигнува гол на маестрален начин. Ја прими топката со грб кон голот, успеа да упати волеј и да ја смести топката во мрежата.
Сепак, судијата го крена знамето. Ногата на португалската ѕвезда беше во офсајд, а голот беше оправдано поништен.
GOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOL pic.twitter.com/VYteA1msWa
— CR7Media (@AlCR7Media) July 28, 2023
Вистинска штета е што овој навистина спектакуларен гол беше поништен и нема сомнеж дека во иднина новите правила кои доаѓаат ќе имаат голема корист за напаѓачите бидејќи вакви голови нема да бидат поништени.
На крајот натпреварот заврши со резултат 0:0. Ако Ал Наср посериозно влезеше во натпреварот, веројатно се ќе беше поинаку, но на крајот мора да се задоволи со бод.
Роналдо не беше задоволен по натпреварот. Тоа јасно го покажа кога го напушти теренот и повторно мавташе со рацете.
غضب رونالدو
— ميديا داريو (@Miadieadario) July 28, 2023
تابع الحساب الاساسي ⬅️ @i_Carl0 pic.twitter.com/BrnCjXsFXY