Дома Фудбал Нова драма: Се одложува почетокот на Суперлига Србија?

Нова драма: Се одложува почетокот на Суперлига Србија?

Почетокот на фудбалскиот шампионат во Србија можеби нема да започне во планираниот термин.

За преместување на стартот ќе се одлучува во четврток во Судот за спортска арбитража во Лозана.

Адвокатскиот тим на Колубара поднесе жалба, а од Лозана многу брзо реагираа и потврдија дека по итна постапка ќе одлучуваат за елиминацијата од лигата.

Како што е нагласено, до среда двете страни се должни да се изјаснат за случајот во кој Колубара е елиминиран од Супер лига Србија.

После нивната жалба и заседанието во Лозана, во четврток попладне ќе се изнесе конечната одлука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…