Дома Трансфер зона Во Мајами се гради поранешната „Барселона“: Меси, Бускетс, Алба, Суарез – следен е Иниеста!

Во Мајами се гради поранешната „Барселона“: Меси, Бускетс, Алба, Суарез – следен е Иниеста!

Oткако го доведе Лионел, Меси, Интер Мајами прави се за да собере што е можно негови поранешни соиграчи.

Веќе пристигна Бускетс, беше потврден трансферот на Жорди, се чека и Луис Суарез, а следен кој може да биде е Андрес Иниеста. Легендата на Барселона од 2018-та до 2023-та година играше за Висел Кобе од каде што си замина, но нема намера да стави крај на кариерата.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Според последните информации Интер Мајами веќе стапил во контакт со Шпанецот и се обидува да го договори. Иниеста од 2002-ра до 2018-та играше за Барселона и освои вкупно 35 титули. Девет пати беше шампион на Шпанија и четири пати ја освојуваше Лигата на шампионите.

Со Шпанија успеа да освои две европски првенства и едно светско, две титули освои и во Јапонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед ја сака ѕвездата на Дортмунд

Борусија Дортмунд е спремна да слушне понуди за напаѓачот Карим Адејеми, а неколку европск…