Дома Трансфер зона Интер Мајами ги собира другарите на Меси: Потврден трансферот на Алба, се чека и Суарез

Интер Мајами ги собира другарите на Меси: Потврден трансферот на Алба, се чека и Суарез

Шпанскиот фудбалер, Жорди Алба и дефинитивно ќе се придружи на Лионел Меси и Серхио Бускетс во Интер Мајами.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Трансферот досега се најавуваше во медиумите, а сега го потврди и сопственикот на клубот, Хорхе Мас.

„Жорди Алба ќе потпише за нас“, изјави Мас по тренингот на тимот од Флорида.

34-годишниот шпански репрезентативец беше без клуб откако му истече договорот со Барселона на крајот на минатата сезона.

Алба играше за Барселона од 2012-та и со овој клуб освои 18 трофеи. Покрај Алба според најавите блиску до договор со Интер Мајами е Луис Суарез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…