Дома Видео Легендарната тенисерка се расплака по победата на Украинката: „Таа минуваше низ тежок период…“

Легендарната тенисерка се расплака по победата на Украинката: „Таа минуваше низ тежок период…“

Најголемото изненадување не само на женскиот дел од турнирот, туку и на Вимблдон во целост, во средата го приреди Елина Свитолина, која во четвртфиналето ја исфрли светската тенисерка број еден Ига Швионтек со 2-1.

Голем број пораки за поддршка на украинската тенисерка, кој навистина одигра одличен меч, а некои и доста емотивно го доживеаја триумфот.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Трикратната победничка на Вимблдон, Крис Еверт, коментирајќи го мечот за ESPN со солзи во очите, рече дека ова е еден од најтрогателните моменти досега на Централниот терен.

„Ова е еден од најтрогателните моменти на Централниот терен што сум го видела, со сето она низ кое помина Елина.

Таа е многу инспиративна и има голема поддршка од нејзиното бебе и сопругот. Таа минуваше и низ многу тажен период со сето она што и се случуваше на нејзиното семејство во Украина. Да ја видиш толку инспирирана и да игра толку добро е многу трогателно – изјави Крис Еверт.

Украинката денеска ќе се бори за финале против Маркета Вондрушова. Натпреварот започнува во 14:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Агаси: Алкараз ги собра сите особини од големата тројка

Карлос Алкарас навистина има причини да ужива на лаврите. Не само што повторно е најдобар …