Манчестер Јунајтед нема да го откупи Марсел Сабицер, кој играше како позајмен фудбалер од Баерн Минхен.
Австриецот се врати во Баерн, но јасно е дека за него нема повеќе место на Алијанц Арена, па Баварците го ставија на трансфер листа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најсилен интерес за него покажува Рома, која сака да ја искористи ситуацијата и да го доведе на „Олимпико“.
Мурињо е во потрага по квалитетен играч за врска, па верува дека Сабицер ќе биде одлично засилување.
Баерн е спремен да го продаде ова лето за 15 милиони евра, сума која Рома е спремна да ја плати.