Дома Фудбал Англија Тага на Островот: Во страотна несреќа загина сопственикот на англискиот фудбалски великан

Тага на Островот: Во страотна несреќа загина сопственикот на англискиот фудбалски великан

Сопственикот на Милвол, Џон Берилсон (70) загина во несреќа, потврди овој фудбалски клуб.

Засега не се познати деталите за несреќата, а клубот излезе со соопштение во вторникот вечерта.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Со големо неверување и тага ја информираме јавноста дека почина Џон Берилсон, сопственикот на клубот.

Сите во клубот се со неговата сопруга Ејми и неговите три деца, како и со остатокот од неговото семејство.

Ненадејната смрт на Џон ќе остави влијание врз сите оние кои имале среќа да го запознаат. Тој беше голем човек, неверојатно посветен на своето семејство и личност со голема дарежливост, топлина и добрина. Имаше исполнет живот, полн со радост – се наведува во соопштението на Милвол.

Американскиот бизнисмен и милионер пристигна на чело на Милвол во 2006 година и заедно со семејството основа фондација која беше одговорна да им помага на децата во образованието во Бостон.

Според некои информации, тој инвестирал околу 100 милиони фунти во Милвол. Во клубот пристигна по испаѓањето во третата лига, со две сезони „брејк“, тимот од источниот дел на Лондон е стандарден учесник во Чемпионшип.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ФИФА објави: Мундијалот во 2030 во шест земји, Саудиска Арабија ќе биде домаќин во 2034 година

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објави каде ќе се одржуваат Светските првенства во …