Дома Трансфер зона Хрват ги чинеше својот клуб милион евра по минута, а сега се сели кај Барди

Хрват ги чинеше својот клуб милион евра по минута, а сега се сели кај Барди

Хрватскиот фудбалер Мислав Оршиќ ја заврши својата катастрофална епизода во Саутемптон.

По само половина година во англискиот клуб, Хрватот кој блескаше во Динамо Загреб ја напушта Премиер лигата и се сели во турски Трабзонспор каде што настапува и македонскиот репрезентативец Енис Барди.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


На трансферот на Оршиќ инсистираше Ненад Бјелица кој е актуелен тренер на турскиот клуб и кој со Оршиќ соработуваше во Динамо пред три години.  Оршиќ носејќи го дресот на Динамо посебно се истакна во европските натпреварувања против англиските клубови, но во Саутемптон не се снајде.

Саутемптон на Динамо му исплати сума од шест милиони евра и Оршиќ беше дочекан со големи очекувања, но одигра само шест минути, а клубот испадна од Премиер лигата. Ова значи дека Саутемптон за секоја минута на Оршиќ на теренот платил по еден милион евра.

Според информациите на турските медиуми, Трабзонс се согласил да плати оштета од честири милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Анте Ребиќ се враќа во Серија А?

Хрватскиот фудбалер Анте Ребиќ од следната сезона би можел повторно да игра во Серија А. И…