Дома Фудбал Илоски ја спаси Филаделфија од елиминација, следува решавачки дуел

Илоски ја спаси Филаделфија од елиминација, следува решавачки дуел

Илоски ја спаси Филаделфија од елиминација, следува решавачки дуел

Милан Илоски ја задржа Филаделфија во трката за пласман во конференциското полуфинале во МЛС. Потенцијалниот репрезентативец на Македонија го реши домашниот дуел против Њу Ингланд со гол од пенал за 1:0, со што неговиот тим избори трет натпревар во плејоф-серијата.

Одлуката падна во 86. минута, кога Илоски беше прецизен од белата точка. Тој погодок ја донесе неопходната победа за Филаделфија и го израмни односот на победи на 1:1. Наместо крај на настапот во плејофот, домаќините добија нова шанса да ја продолжат сезоната.

Филаделфија влезе во овој натпревар под притисок по поразот од 0:2 на првата средба, одиграна на 21 ноември. Во серија во која е потребно да се стигне до две победи, втор неуспех ќе значеше елиминација. Тимот на Илоски, кој беше шести носител во Источната конференција, сега повторно е рамноправен во пресметката со третиот носител Њу Ингланд.

До доцниот погодок гостите ги држеше голманот Мет Тарнер. Тој забележа десет одбрани, достигнување со кое го израмни клупскиот плејоф-рекорд на Њу Ингланд, но не успеа да го запре решавачкиот удар на Илоски.

Последната пресметка ќе се игра на стадионот „Џилет“, а почетокот е закажан за 3 декември во 01:00 часот по македонско време. Победникот ќе обезбеди место во полуфиналето на Источната конференција, па Филаделфија ќе мора да го потврди враќањето во серијата и на гостински терен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бура по дербито: Сити бараше пенал во 97. минута, ВАР не виде игра со рака

Сити и Арсенал ремизираа 2-2, но одлуката по играњето со рака на Ѓокереш предизвика остри …