Неодамна Масимилијано Алегри порача дека сака да остане во Јувентус и ја одби понудата од Саудиска Арабија, но Саудијцитен е се откажуваат.
Денешните информации се дека Ал Хилал испратил нова повисока понуда до стратегот на „старата дама“. Според информациите на „Раи Спорт“ до Алегри стигнала понуда за тригодишен договор вреден 30 милиони евра, а освен тоа тој би добил и 10 милиони евра како бонус веднаш за потписот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претходната понуда која пред околу една недела ја одби Алегри изнесуваше околу 8 милиони евра по сезона.
Зад 55-годишниот Алегри на клупата на Јувентус е една тешка и турублентна сезона со проблеми на теренот, но и надвор од него. Сето тоа кулминираше со одземени десет бодови поради што „старата дама“ заврши на седмото место и остана без пласман во Лигата на шампионите.
Алегри е означен од навивачите како еден од главните виновници за лошата игра на тимот, меѓутоа додека е критикуван од фаноите, ја има поддршката од раковдството. Алегри порача дека не сака да замине, но останува да видиме дали оваа нова понуда може да го натера да го смени мислењето.