Манчестер Сити води во трката за потписот на англискиот репрезентативец Даклан Рајс, пренесуваат медиумите на Островот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Рајс беше голема желба на Арсенал и „топџиите“ веќе подолго време преговараа за неговиот потпис.
Вест Хем пред неколку дена ја одби понудата на Арсенал од 90 милиони фунти, па во трката за потписот се приклучи Манчестер Сити.
Сити сака да го доведе англискиот репрезентативец како замена за Илкај Гундоган кој избра кариерата да ја продолжи во Барселона.
„Граѓаните“ сега се во напредни преговори со Вест Хем и се спремни да ја платат сумата од 100 милиони фунти колку што бараат „чеканите“.
🏴 @ManCity are in advanced talks with @WestHam to sign Declan #Rice. #MCFC willing to anticipate @Arsenal. @SkySport
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) June 23, 2023