Јувентус е силно заинтересиран за италијанскиот репрезентативец Николо Заниоло и сака да го врати во Серија А.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Заниоло во зимскиот преоден рок се пресели во Галатасарај, откако влезе во расправија со Мурињо и самиот побара трансфер.
„Старата дама“ има финансиски проблеми, но ќе се обиде да ги намали трошоците за трансферот со тоа што во својата понуда ќе ги вклучи Вестон Меккени или Моис Кин.
Самиот Заниоло инсистира да се врати во Серија А и го притиска раководството на турскиот клуб да го пушти.
Интерес за Заниоло постои и од страна на Наполи, Милан и Тотенхем, но Јувентус е спремен да ја победи конкуренцијата.