Според информациите на германските медиуми македонскиот напаѓач, Милан Ристовски би можел да се пресели во Германија, во Втората Бундеслига.
Клубот кој покажал интерес за македонскиот напаѓач е Ханса Рошток. Засега Германците не испратиле понуда, но се најавува дека тоа ќе го направат наскоро.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ристовски во овој момент е член на Спартак Трнава каде што игра солидно и на 106 натпревари постигна 38 гола, додавајќи осум асистенција. Трансферот од Словачка во Германија, за Ристовски сигурно би бил чекор напред во кариерата.
Се наведува дека во опција биле и неколку други имиња, но Ристовски бил на врвот на листата желби на спортскиот директор на германскиот клуб.
In Rostock macht der Name eines neuen Stürmers die Runde. #fchansa #Hansa https://t.co/ZMF8da8fol
— Liga-Zwei.de (@liga_zwei_de) June 21, 2023