Кристијано Роналдо е еден од најдобрите на сите времиња, но ни тој немал можност многу често да доживува ваква сцена.
Португалската фудбалска репрезентација ја совлада Босна и Херцеговина (3:0) во квалификациите за Европското првенство во Германија 2024 година, а Кристијано Роналдо го одигра 199 натпревар за националниот тим.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Покрај тоа што дојде на дофат до неверојатен успех, еден од најдобрите португалски фудбалери ќе го памети овој квалификациски натпревар и поради навивачот кој истрча на теренот – почна да ги бакнува неговите копачки, го подигна во воздух и потоа изведе „СИУУУ“ пред неговите очи, карактеристичниот потег на Кристијано.
Сето ова се случи на крајот од мечот, а делува дека и Португалецот го интересираше тоа што навивачот кој го прекина мечот подготвил богат репертоар за оваа прилика.
На видеата кои кружат на социјалните мрежи се гледа дека Кристијано Роналдо не го тера обезбедувањето да интервенира, дури и кога навивачот ќе оствари физички контакт со него.
A fan picking up Cristiano Ronaldo and then proceeds to do the Siiuuu with him 😂 pic.twitter.com/4PoGHGc3Cx
— Xav Salazar (@XavsFutbol) June 17, 2023