Неколку европски гиганти го следат фудбалерот по име Лукас Лима, се работи за офанзивен играч за врска кој во последните три години настапува за тимот на Сантос.
Претходно овој фудбалер го носеше дресот на Интер Де Лимеира и Интернационал во Бразил, а интересно е и што запиша 14 натпревари за репрезентацијата на Бразил за која постигна и два погодоци.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Десетката“ на Сантос не сака да го продолжи договорот со славниот бразилски тим, а најголем интерес до овој момент покажаа Интер, Манчестер Јунајтед и Барселона, но се „срамежливо“ се споменува и името на Рома.
„Неговиот договор со Сантос истекува на 31 декември, а заинтересирани клубови има многу. Мислам дека одлично би се снашол во Серија А, но не сум сигурен каква намера има Сантос. Фенербахче ова лето испрати понуда од 20 милиони евра, а Кристал Палас од 15, двете понуди беа одбиени. Во овој момент го следат Интер, Рома, Барселона и Манчестер Јунајтед“, изјави Лукас Бадиа, менаџерот на Лима.