По триумфот на фјучрсот во Скопје најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски на денеска објавената АТП листата го бележи најдобриот ранг во кариерата, но притоа треба да се напомене дека поените – 25 од Скопје ќе му бидат запишани следната недела што значи дека треба да се очекува следната недела да биде рангиран и под 400.то место.
Ивановски сега е рангиран на 412.то место со 107 поени (еден помалку од претходниот ранг), но има скок од девет места. Од македонските тенисери втор според ранг е Обрад Марковски се наоѓа на 1152 место (скок од 14 позиции) со 7 поени. Од причина што има два поена помалку од претходно – 6, Горазд Србљак се наоѓа на 1208.место (пад од 75 позиции). По еден поен имаат Берк Бугариќ 1706.место (скок 34 места) и Томислав Јотовски 1863 место (скок 89 места).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во женска конкуренција Лина Ѓорческа на најновата ранг листа има пад од две позиции и сега се наоѓа на 232.место на ВТА листата. Таа има 302 поена. Падот од две места се должи на тоа што Ѓорческа има девет поени помалку во однос на претходното рангирање