Дома Фудбал Арсенал честиташе роденден својата руска легенда, па ја избриша објавата

Арсенал честиташе роденден својата руска легенда, па ја избриша објавата

Aрсенал преку друштвените мрежи му го честиташе 42-роденден на Андреј Аршавин, легендата на рускиот фудбал кој остави длабока трага во лондонскиот клуб.

Не очекуваа, но оваа објава на Арсенал предизвика бурни реакции и многу коментари поради инвазијата на Русија во Украина. Многумина смета дека не е во ред клубот во овој момент да се поврзува со руски спортист, иако спортот и политиката не би требало да се мешаат.

Но, Арсенал доби критики и по повлекувањето на објавата. Аршавин за Арсенал собра 144 настапи, а најмногу се паметат оние негови четири гола во ремито на „Енфилд“.

Во својата успешна кариера Аршавин постигна 158 голови за клубовите и репрезентациите за кои настапуваше. Покрај Арсенал, голема трага остави и во Зенит со кој трипати беше руски шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио чекаше 16 години за ова: Гатузо на врвот, навивачите во бојкот!

Девет победи, едно реми и прво место во Серија А: Лацио го повтори достигнувањето на тимот…