Дома Фудбал Италија Спалети јасно ги кажа неговите планови по Наполи

Спалети јасно ги кажа неговите планови по Наполи

Лучијано Спалети заминува од Наполи иако на овој тим му ја донесе титулата по 33 години пауза.

Заминувањето веќе го потврди Аурелио Де Лаурентис, а сега се огласи и самиот Спалети кој порача дека сака да одмори од фудбалот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Треба да одморам, се чувствувам уморен, морам да бидам далеку од фудбалот. На претседателот му кажав дека ја прекинувам оваа сезона и нема да го водам Наполи наредната, ниту било кој друг клуб“, изјави италијанскиот стратег.

Спалети во Наполи пристигна во 2021 година и негов последен натпревар ќе биде дуелот со Сампдорија од последното коло во Серија А в недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Четворица фудбалери на Македонија отпаднаа од дуелот со Данска

Македонија вечерва од 20.45 часот ќе се соочи против Данска во Копенхаген, а селекторот Го…