Дома Фудбал Останато Поранешниот тренер на Ривер доби статуа, меѓуножјето привлече најголемо внимание

Поранешниот тренер на Ривер доби статуа, меѓуножјето привлече најголемо внимание

Aргентинскиот тренер Марсело Гаљардо со огромен успех од 2014 до 2022 година го водеше Ривер, а гигантот од Буенос Аирес одлучи да му оддаде признание за доприносот со статуа пред стадионот „Монументал“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Статуата посветена на 47-годишниот стратег е висок осум метри, меѓутоа посебно внимание привлече еден детал. Во прашање е меѓуножјето кое според зборовите на склупторката е намерно истакното.

Авторка на грандиозната статус е Мерседес Савали, која потврди дека намерно го истакнала овој дел поради вулгарниот жаргон кој се користи на аргентинските трибини.

„Намерно претерав во тој аспект, сфатив дека тоа има врска со навивачите и како тие го гледаат тренерот Гаљардо“, изјави авторката.

Гаљардо со Ривер двапати ја освојуваше Копа Либератодрес, а на статуата немал никакви замерки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ѓоковиќ ја крена тениската планета на нозе: Една објава од Новак беше доволна за да предизвика еуфорија! (ФОТО)

Уште две недели останаа до стартот на Вимблдон, а Новак Ѓоковиќ го најави своето учество н…