Трагична вест ни пристигнува од Уругвај.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На свои 30. години почина Сантијаго Моро Гарсија, поранешниот напаѓач на Ривер Плата.
Според пишувањата на тамошните медиуми, Гарсија извршил самоубиство, а причините не се познати.
Веста го потресе цел Уругвај, но и фудбалскиот свет.
Популарниот Моро беше омилен меѓу навивачите во секој клуб каде и да играше.
Покрај Ривер, ги носеше дресовите и на Национал, бразилски Атлетико, Касимпаша, а од декември 2020. година е без клуб, кога се раздели со екипата на Годо Круз.
Одигра и девет натпревари за У20 репрезентацијата на Уругвај и постигна пет погодоци.