Луис Суарез ова лето ќе го напушти Атлетико Мадрид и ќе има нов средина откако претходно беше соопштено дека нема да ја продолжи соработката со Атлетико.
35-годишниот фудбалер во овој момент ги разгледува опциите за продолжување на кариерата. Веќе има понуди, а за една е и потврдено дека пристигнала. Претседателот на аргентинската Ривер Плата, Жулијан Алварез потврди дека го контактирале Уругваецот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Да, го остваривме првиот контакт со Суарез и сега останува на него да одговори дали ќе ни се приклучи“, изјави Алварез.
Меѓутоа Суарез претходно изјави сака да продолжи во европскиот фудбал, а интерес за него покажа Аталанта.