Дома Останати Кошарка НБА Пипен „удри“ по Џордан: Беше ужасен играч!

Пипен „удри“ по Џордан: Беше ужасен играч!

Скот Пипен во изминатите три години не го криеше незадоволство од начинот на кој е прикажан во серијата „Последниот танц“ на Мајкл Џордан и неговите години во Чикаго Булс.

Неколку пати јавно го критикуваше Џордан, а сега порача дека НБА легендата бил ужасен играч.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Го гледав Мајкл Џордан пред да дојде во Булси. Сите гледаа како игра, беше ужасен играч. Беше ужасно да се игра со него, секогаш играше „еден на еден“ и одеше на лоши шутеви. Тогаш одеднаш станавме тим што победува“, изјави Пипен.

Џордан во првите сезони и навистина играше повеќе инидивудална кошарка и изгледаше како повеќе да мисли колку поени ќе постигне, отколку дали неговиот тим ќе победи. Подоцна ситуацијата се промени, а Џордан во едно свое интервју во минатото и го призна значењето на Пипен во неговата кариера.

„Без Скот Пипен би го немало и Мајкл Џордан“, изјави во минатото славниот кошаркар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Влаховиќ е примарна трансфер цел на Арсенал

Раководството на Јувентус не исклучува продажба на Душан Влаховиќ на крајот на сезоната, п…