Плејмејкерот на Лестер, Јури Тилеманс ќе биде еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот ова лето.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Неговиот договор истекува на крајот на сезоната и Тилеманс како слободен агент ќе го напушти клубот.
Милан и Јувентус веќе ја почнаа битката за неговиот потпис и стапиле во контакт со неговиот агент.
Италијанските гиганти сакаат да ја победат конкурецијата од премиерлигашите и да го доведат во Серија А.
Тиленас минатото лето беше на мета на Барселона, Арсенал и Манчестер Јунајтед, но после просечната сезона интересот на овие клубови не е така силен.
Поради тоа голема е веројатноста Белгиецот да се пресели во Серија А, само останува да видиме дали во Милано или Торино.