Дома Македонски спорт Калин Ивановски елиминиран уште во првото коло на турнирот во Скопје

Калин Ивановски елиминиран уште во првото коло на турнирот во Скопје

Maкедонскиот најдобар тенисер Калин Ивановски уште на стартот го заврши настапот на челинџерот во Скопје.

Имаше поддршка Калин од домашната публика, но тоа не беше доволно да слави против Хрватот, Дино Призмиќ кој беше многу подобар на теренот. Првиот сет донесе израмнета игра, а Калин спаси три брејк-топки 4:5, но сепак потклекна во клучните моменти и го загубот сетот со 4:6.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Вториот сет донесе доминација на Призмиќ кој дозволи само еден гем на македонскиот тенисер.

За Ивановски кој во овој момент е 415. тенисер во Скопје ова беше прв настап на турнир со награден фонд од 75.000 долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…