Дома Фудбал Германија Матеус откри зошто Баерн избрзал со Нагелсман – Тухел имал договор со италијански гигант!

Матеус откри зошто Баерн избрзал со Нагелсман – Тухел имал договор со италијански гигант!

Легендата на светскиот фудбал во интервју за „SPOX“ ја коментираше одлуката на Баерн кој неодамна го промени тренерот и на местото на Нагелсман го доведе Томас Тухел.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Матеус не верувал дека отказот на Тухел ќе дојде толку одеднаш.

„Беше тоа големо изненадување за многумина, не само за мене. Нагелсман работеше одлично и ја освои Бундеслигата. Можеби не беше добар во Лигата на шампионите во првата година, но оваа година против ПСЖ, Интер, Барселона победуваше. Во Бундеслигата не беше соврешно, но и не беше далеку до троффејот. Многу играчи беа среќни со него и имаа пофалби кога замина. Мора нешто да се случило кога Баерн донесе таква одлука“, изјави Матеус.

Според Матеус, Тухел имал сосема поинакви планови.

„Тухел беше блиску до Јувентус и Баерн не сакаше да чека, па ја искористи приликата додека беше слободен. Баерн не веруваше 100% во Нагелсман“, изјави Матеус.

Баерн се уште е во игра за трофејот во Германија, но Борусија во последното коло влегува со два бода предност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Ибрахимовиќ открива за кого навива на Мундијалот (Видео)

Легендарниот Швеѓанец зборуваше за репрезентациите што ќе ги следи на Светското првенство,…