Плејмејкерот на Лестер, Јури Тилеманс ќе биде еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот следното лето.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Неговиот договор истекува на крајот на сезоната и Тилеманс одби да ја продолжи соработката со „лисиците“, па потврди дека заминува како слободен агент.
Неколку европски гиганти се заинтересирани за неговиот потпис, но главната битка ќе ја водат Манчестер Јунајтед и Њукасл.
Двата клуба веќе почнале преговори со агентот, а Тилеманс сака да игра во клув кој настапува во Лигата шампиони.
Интерес покажуваат уште Рома и Јувентус, но најверојатно Белгиецот ќе остане во Премиер лигата.