Дома Фудбал Лига на шампиони Анчелоти доби одлични вести пред реваншот против Манчестер Сити

Анчелоти доби одлични вести пред реваншот против Манчестер Сити

Tренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти денес доби добри вести пред утрешниот реванш во Лигата на шампионите против Манчестер Сити.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Едуардо Камвинга се повреди во саботата против Гетафе, но денешните прегледи покажаа дека Французинот имал само моментална болка поради ударот и ќе нема никакви проблеми да настапи против „граѓаните“.

Камвинга би требало да биде спремен и утре да го одработи комплетниот тренинг. Според најавите Анчелоти има намера Камвинга да стартува во средината, а Алаба да игра како лев бек, бидејќи во срцето на одбраната се враќа Милитао по одработена суспензија.

Составот на Реал во среда би требало да изгледа вака:

Куртоа, Карвахал, Милитао, Рудигер, Алаба, Камвинга, Крос, Модриќ, Валверде, Винисиус, Бензема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Арбелоа: Јас сум виновен за тепачката меѓу Чуамени и Валверде

Алваро Арбелоа изјави дека ја презема одговорноста за инцидентот меѓу соиграчите Федерико …