Дома Останати Тенис Калин со победа во два сета до полуфинале во Србија!

Калин со победа во два сета до полуфинале во Србија!

Maкедонскиот најдобар тенисер Калин Ивановски обезбеди пласман помеѓу најдобрите четворица на турнирот во Србија во Куршумлиска Бања кој се игра на земјена подлога.

Македонецот против Либанецот, Хди Хабиб дојде до победа во меч кој траеше еден час и 44 минути.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Двата тенисери во првиот сет освоија по еден брејк, но ниту еден од нив не создаде предност, па се решаваше во тај-брејк. Поведе Либанецот со 5:1, но Калин успеа да се врати и со 8:6 го доби сетот.

Ивановски во вториот сет брзо поведе со 3:1, меѓутоа и го загуби својот сервис, сепак со вториот брејк во овој сет во 12-тиот гем дојде до освојување на сетот со 7:5 и победа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Шок за организаторот: Синер соопшти дека се повлекува!

Долгоочекуваната мешана двојка на УС Опен, која оваа сезона ќе се претстави во ново издани…