Раководството на ПСЖ одлучи да го стави Нејмар на трансфер листа ова лето, пренесуваат француските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тој е најскап фудбалер во историјата, но никогаш во целост не ги опрадва очекувањата во Париз. Притоа, „светците“ сакаат да се ослободат од неговата висока плата.
После последните случувања, откако навивачите отворено го нападнаа, сега и самиот Нејмар е спремен да го напушти клубот.
Интерес за 31-годишниот Бразилец покажува Њукасл, кој е блиску до обезедување на пласман во Лигата на шампиони, па нема да жали пари за да донесе голема ѕвезда во тимот.