Шпанскиот напаѓач Алваро Мората би можел и третпат да стане играч на Јувентус.
Како што пренесува италијанскиот „Тутоспорт“, Мората има договор со Атлетико до крајот на следната сезона. Според најавите Атлетико ќе му понуди нов договор, но со намалена плата, а тоа веројатно нема да му се допадне на Шпанецот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус има проблеми со ефикасноста на напаѓачите, па Мората се најавува како можно решение. Мората во Јувентус првпат пристигна во 2014 година од Реал Мадрид за 20 милион иевра, а Реал две години подоцна го откупи за 30. Потоа Шпанецот играше за Челзи од каде што дојде во Атлетико кој го испрати на двегодишна позајмица во Јувентус.
Тој втор мандат на Мората во Јувентус беше од 2020 до 2022 година. Сезонава на 40 натпревари за Атлетико, Мората постигна 13 голови и намести три.