Дома Фудбал Германија Тухел сигурно останува и на лето ќе прави реконструкција

Тухел сигурно останува и на лето ќе прави реконструкција

Баерн Минхен игра лоша сезона, а очигледно е дека во клубот владее хаотичност.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тоа се виде кога раководството одлучи изненадувачки да му врачи отказ на Нагелсман и го назначи Тухел за нов тренер.

Меѓутоа, Тухел наместо да го крене тимот на повисоко ниво, Баер бележи разочарувачки резултати.

Без оглед на тоа, Кан и Салихамиџиќ не го обвинуваат Тухел, туку сите во клубот треба да се запрашаат за постапките.

„Томас Тухел е последната личност за која треба да зборуваме. Тој прави се за да го извлече најдоброто од момците. Нема да поднесам оставка. Мојата единствена цел е да ја земам титулата на крајот од сезоната, а потоа сериозно да нападнам следната година“, изјави Оливер Кан.

Медиумите тврдат дека Тухел на лето ќе донесе засилувања по свој вкус и дека ќе има реконструкција на тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Лина испиша историја, ќе игра на Вимблдон!

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја потврди одличната форма во која игра во п…