Со години наназад ФИФА и УЕФА го промовираат фер-плејот како составен и главен дел од фудбалската игра, но често знае да изостане во најголемите натпревари.
Сепак, за среќа постојат и фудбалери кои на моменти знаат да покажат дека овој дел од фудбалската игра се уште е жив. За секоја пофалба е потегот на Бард Фине кој се натпреварува за екипата на Бран.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во натпреварот од Првата фудбалска лига во Норвешка неговиот потег стана вирален хит откако по една контра го запре нападот на својата екипа затоа што дефанзивецот на противничката екипа се пожали на повреда.
Фине иако веројатно ќе имаше отворен пат кон голот, застана и ја исфрли топката во аут.
Finere mann kan du ikke Finne!@skbrann pic.twitter.com/SpiF9Dd9qR
— TV 2 Sport (@tv2sport) April 16, 2023