Дома Фудбал Германија Хаос во соблекувалната на Баерн, Мане го удрил Сане после поразот

Хаос во соблекувалната на Баерн, Мане го удрил Сане после поразот

Германскиот весник „Билд“ тврди дека во соблекувалната на Баерн Минхен се случил инцидент по завршувањето на мечот против Манчестер Сити.

Наводно дошло до тепачка помеѓу Садио Мане и Лерој Сане, а „Билд“ тврди дека Мане го удрил Сане во лицето.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Мане бил лут затоа што Сане со висок тон му се обратил за време на мечот, расправијата почнала уште на теренот, а завршила во соблекувалната.

Со соблекувалната Мане го удрил Сане по уста, па Германецот бил изваден од соблекувална за да се смири ситуацијата.

„Билд“ додава дека Мане ќе биде казнет за инцидентот, а соиграчите спречиле поголем инцидент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Нови промени во Лигата на шампионите. УЕФА со нив има за цел да заработи пет милијарди евра

Лигата на шампионите на УЕФА се игра во нова формација со 36 екипи веќе втора сезона по ре…