Дома Останати Кошарка Шпанија ја освои бронзата на Евробаскетот!

Шпанија ја освои бронзата на Евробаскетот!

Кошаркарите на Шпанија ја освоија бронзата на европската кошаркарска смотра, откако во малото финале ја победија Русија 93:85.

„Црвената фурија“ не успеа да го одбрани златот од претходните два шампионати, но браќата Гасол денес не дозволија Шпанија да остане без медал.

Избраниците на Скариоло водеа цел натпревар, на моменти предноста беше и двоцифрена, но Русија не се предаваше и на три минути до крајот стигна до два разлика.

Но потоа на сцена стапија браќата Гасол, двајцата искомбинираа 51 поен и ја предводеа Шпанија до бронзата. Пау имаше двоен ефект од 26 поени и 10 скокови,а Марк реализира 25 поени.

Кај Русија Швед уфрли 18 поени, но тој речиси и да не играше во второто полувреме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

На 19 години синот на Перо Антиќ почна тренерска кариера!

Синот на македонската кошаркарска легенда и поранешен репрезентативец Перо Антиќ, Лука Ант…