Дома Трансфер зона Милан се договори со ѕвездата на Лион

Милан се договори со ѕвездата на Лион

Раководството на Милан работи на трансферот на плејмејкерот на Лион, Хусем Ауар, пренесуваат италијанските медиуми.

24- годишниот плејмејкер до минатото лето беше на радарот на многу европски гиганти, но реши да остане во Лион.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ауар влезе во последната година од договорот и на крајот на сезоната ќе биде слободен агент, а веќе може да преговара со заинтересираните клубови.

„Росонерите“ постигнале договор со Ауар за 4-годишна соработка и плата од 3 милиони евра по сезона, па играчот ќе пристигне без обештетување на „Сан Сиро“.

Останува да се договори уште бонусот при потпис на договорот, кој треба да изнесува 3 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Феликс во проблем: Во Барселона е непотребен, а во Атлетико непожелен

Жоао Феликс на лето би можел да се најде во нов проблем, Барселона не е подготвена да го к…