Дома Фудбал Наполи станува шампион во домот на Јувентус?!

Наполи станува шампион во домот на Јувентус?!

Наполи сезонава игра одличен фудбал и сосема заслужено тимот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е пред освојување на титулата шампион на Италија.

Во Наполи веќе не размислуваат дали, туку кога ќе го прослават Скудетото. Никој досега во Италија не го освоил Скудетото пред последните пет кола, а Наполи има шанса тоа да го направи на шест или седум кола до крајот.

Навивачите најмногу посакуваат шампиони да станат на 23-ти април кога клубот од Неапол ќе му гостуваат на Јувентус на „Алијанц Арената“.

Причината за ваквата желба е јасна – ривалството помеѓу двата клуба е огромно и во Неапол постои огромна омраза кон „старата дама“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер го запре налетот на Комо: Два гола за 19 минути и нов удар за Фабрегас

Еспозито и Турам ја решија пресметката на „Сан Сиро“ со 2-0, а Комо по шест победи во низа…