Дома Тенис Нов скок на Калин Ивановски на АТП листата!

Нов скок на Калин Ивановски на АТП листата!

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски скокна две места на АТП листата и сега е на 475-тото место што е негов најдобар рејтинг во досегашната кариера.

Скокот од две места на Ивановски се должи на пласманот во полуфиналето на ИТФ турнирот во Поатје (Франција) каде што по голема борба изгуби од Гејмард – Вејенбург 0:2.

Ивановски продолжува со напредокот, но се уште е далеку од најдобриот пласман на еден македонски тенисер. Предраг Русевски тука е на врвот со 242-то место, зад него се Александар Китинов на 296-та позиција и Лазар Магдинчев на 339-то место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Кифисија не остави простор за пресврт: европски крај за одбојкарките на Работнички

Македонскиот женски одбојкарски првак загуби со 0:3 и во Скопје, завршувајќи го настапот в…